Добредојдовте на онлајн базата на податоци на Судски списи на Меѓународниот суд.
Оваа база на податоци обезбедува пристап до сите јавни судски списи од првото поднесување на материјали на Меѓународниот суд во 1994 до денес. Меѓународниот суд моментално работи со полн капацитет и дневно се додаваат многу документи на колекцијата од повеќе од 150 000.
Меѓународниот суд е посветен на осигурување на судска транспарентност и на обезбедување пристап до своите јавни судски списи.
При првата посета на интернет страницата сите корисници треба да се Регистрираат. Оваа едноставна постапка трае приближно една минута. Ќе добиете email со известување дека вашето барање за пристап е одобрено.
Откако ќе се пријавите автоматски ќе бидете поврзани на главното Мени за пребарување на базата на податоци.
Одберете го јазикот или јазиците кои ве интересираат, заедно со други опции како што се името на обвинетиот или типот на документи што ги барате – од налози за апсење до пресуди.
Менито на базата на податоци работи на пет јазици, иако не сите документи кои се содржани во базата на податоци се на располагање во секој од овие јазици. Англиски и француски се службени јазици за работа на Меѓународниот суд.
Доколку ги барате најновите судски списи кои се ставени на базата на податоци можете да дојдете до нив со еден клик преку опцијата „Неодамна ставени списи“.
Корисниците треба да се свесни дека документите се ставаат на оваа јавна база на податоци во рок од 24 часа откако се поднесени во Секретаријатот на Меѓународниот суд. Доколку ви требаат јавни документи на денот на нивното објавување проверете ја интернет страницата на Меѓународниот суд www.icty.org или контактирајте ја Канцеларијата за медиуми на +31 (0)70 512 8752, 5343 или 5356.
Оваа база на податоци се состои само од јавни поднесоци. Во оваа база на податоци нема доверливи поднесоци. Исто така, иако се прават напори да се осигура дека базата на податоци е целосна, на одредени типови на документи им претстои вклучување во базата. Конкретно, стенограмите од неколку предмети се во процес на пуштање во употреба, како и доказни предмети од неколку тековни предмети. Намерата е сите материјали кои недостасуваат да се вклучат во базата пред крајот на 2009.
Документите кои се превземени од оваа интернет страница не ги сочинуваат службените списи на МКСЈ и се наменети само за јавно информирање.