| |
Оградување на МКСЈ-ОН од одговорност во однос на Интернет страницата
Судските списи на МКСЈ овозможуваат пристап преку Интернет на Судските списи на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, вклучувајќи и, меѓу другото, поднесоци од страните вклучени во постапките, пресуди, одлуки, налози, стенограми и доказни предмети. Во рамките на базата на податоци на Судските списи на МКСЈ овозможен е пристап само на јавните документи, во согласност со постапките за обелоденување на МКСЈ.
За завршени предмети и за предмети за кои се́ уште трае постапката пред Судскиот совет или Жалбениот совет, преку пребарување на базата на податоци на Судските списи на МКСЈ во оваа фаза се́ уште нема пристап до сите документи. Овие преостанати документи ќе бидат ставени на располагање подоцна, по завршување на постапките за внесување во базата на податоци. Доверливите судски списи не се достапни на базата на податоци на Судските списи.
Понатаму, МКСЈ не дава гаранции за информациите кои се содржани во списите кои се достапни во базата на податоци на Судските списи на МКСЈ и во никаков случај нема да биде одговорен ниту да сноси каква било одговорност за грешки, недостатоци или пропусти во информациите. Информациите на оваа Интернет страница можат да содржат грешки или пропусти. Доколку мислите дека некои од податоците кои се содржани во оваа база на податоци се неточни, ве молиме писмено да го известите МКСЈ. Сите лица кои ги користат информациите содржани во оваа база на податоци го прават тоа на сопствен ризик.
Документите кои се превземени од оваа Интернет страница не ги сочинуваат службените списи на МКСЈ. Само документи кои се директно добиени од МКСЈ, и соодветно потврдени од МКСЈ во согласност со Правилникот за постапка и докази на МКСЈ се сметаат дека се автентични за судски постапки пред меѓународни или национални судски институции.
Користењето на оваа интернет страница подразбира дека се согласувате со следните одредби и услови:
(а) Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија на Обединетите нации (понатаму во текстот: МКСЈ-ОН) ја одржува оваа Интернет страница во интерес на оние кои што можеби ќе одлучат да ја посетат (понатаму во текстот: Корисници). Инфомациите што се изнесени тука се само за информативни цели. МКСЈ-ОН им дозволува на Корисниците да ја посетат оваа Интернет страница и да ги симнуваат и копираат информациите, документите и материјалите (понатаму во текстот колективно: Материјали) од Интернет страницата за лична, некомерцијална употреба на Корисникот, без право да ги препродава или редистрибуира или да прави компилација од Материјалите или да ги преработува, што е во согласност со одредбите и условите наведени подолу, а исто така и во согласност со поконкретни рестрикции кои можат да се однесуваат на конкретни материјали на оваа Интернет страница.
(б) МКСЈ-ОН ја одржува оваа Интернет страница. Сите Материјали на оваа Интернет страница на МКСЈ-ОН подлежат на овие одредби и услови.
(в) Освен ако не е јасно наведено поинаку, констатациите, толкувањата и заклучоците кои се изнесени во Материјалите на оваа Интернет страница се на вработените во МКСЈ-ОН, консултанти и советници на МКСЈ-ОН кои ги подготвиле и не ги претставуваат во секој случај ставовите на Обединетите нации, МКСЈ-ОН или земјите членки на ОН.
Оградување од одговорност
Материјалите изнесени на оваа Интернет страница се изнесени „какви што се“, без каква било гаранција, било јасна или имплицирана, вклучувајќи и, без ограничување, гаранции за пазарен потенцијал, прикладност за одредена цел и почитување на авторски права. МКСЈ-ОН конкретно не дава гаранции или искази за точноста или целосноста на кои било Материјали. МКСЈ-ОН периодично, без претходна најава, додава, ги проширува, подобрува или ажурира Материјалите на оваа Интернет страница. МКСЈ-ОН во никакви околности нема да биде одговорен за каква било направена или претрпена загуба, штета, одговорност или трошок за којашто се тврди дека е резултат од користењето на оваа Интернет страница, вклучувајќи и, без ограничување, каков било недостаток, грешка, пропуст, прекин или доцнење во врска со тоа. Користењето на овој Сајт е на целосен ризик на Корисникот. Во никакви околности, вклучувајќи и, но не и ограничено на небрежност, Обединетите нации, МКСЈ-ОН или страни поврзани со нив ќе се сметаат одговорни за директни, индиректни, случајни, специјални или пропратни штети, дури и во случај ОН, МКСЈ-ОН или страните поврзани со нив да биле предупредени за можноста од тие штети.
Корисникот експлицитно прифаќа и се согласува дека МКСЈ-ОН не е одговорен за постапките на кој било Корисник.
Оваа Интернет страница може да содржи предлози, мислења или изјави на разни даватели на информации. МКСЈ-ОН не ги застапува ниту ја потврдува точноста или веродостојноста на предлозите, мислењата, изјавите или другите информации кои се добиени од кој било давател на информации, кој било Корисник на оваа Интернет страница или кое било друго лице или ентитет. Потпирањето на такви предлози, мислења, изјави или други информации исто така ќе бидат на сопствен ризик на Корисникот. Ниту ОН, ниту МКСЈ-ОН ниту страните поврзани со нив, ниту нивните претставници, вработени, даватели на информации или содржини нема да бидат одговорни пред кој било Корисник или некој друг поради каква било неточност, грешка, пропуст, прекин, бришење, дефект, промена на или користење на која било содржина, ниту за навременост или целосност, ниту ќе бидат одговорни за каква било грешка во работата, компјутерски вирус или прекин на комуникациската врска, без оглед на причината, или за какви било штети кои би биле резултат на тоа.
Како услов за користење на оваа Интернет страница, Корисникот се согласува да ги ослободи ОН, МКСЈ-ОН и страните поврзани со нив од сите тужби, барања, загуби, штети, одговорности и трошоци (вклучувајќи и разумни трошоци за адвокат) кои потекнуваат од користењето на оваа Интернет страница од страна на Корисникот, вклучувајќи и, но не и ограничено на, какви било барања кои се темелат на факти кои доколку би биле вистинити би претставувале прекршување на овие Одредби и Услови од страна на Корисникот. Доколку Корисникот не е задоволен од Материјалот на оваа Интернет страница или од Одредбите и Условите за користење, единствено што може да стори е да престане да ја користи оваа Интернет страница.
Оваа Интернет страница може да содржи линкови или референци за Интернет страници на трети страни. Страниците кои се така поврзани со оваа Интернет страница не се под контрола на МКСЈ-ОН, и МКСЈ-ОН не е одговорен за содржината на која било така поврзана Интернет страница или друг линк кој се наоѓа на поврзаната Интернет страница. МКСЈ-ОН ги обезбедува тие линкови само како погодност, и давањето на линк или референца не значи дека МКСЈ-ОН ја поддржува поврзаната Интернет страница.
Задржување на правото на имунитет
Ништо во овој текст не претставува или може да се смета дека претставува ограничување или откажување од привилегиите и имунитетот на Обединетите нации и МКСЈ-ОН, кои експлицитно се задржуваат.
Општо
МКСЈ-ОН го задржува правото по сопствена одлука
да ја промени, ограничи или прекине Интернет страницата или кои било Материјали на кој било начин. МКСЈ-ОН нема да има никаква обврска да ги земе предвид потребите на кој било Корисник во врска со тоа.
МКСЈ-ОН го задржува правото по сопствена одлука да не му дозволи пристап на целата или дел од оваа Интернет страница на кој било Корисник без претходна најава.
Никакво откажување на МКСЈ-ОН од кои било од овие Одредби и Услови нема да биде обврзувачко освен доколку не е во писмена форма и потпишано од прописно овластен претставник.
|